Одлуката за суспензија на парламентот незаконска, одлучија британските судии

Суспензијата на британскиот Парламент од страна на премиерот Борис Џонсон е незаконска, пресуди Врховниот суд во Лондон. Џонсон немал право да ги попречи пратениците во извршувањето на своите должности во критичен момент за иднината на државата.

„Продолжената суспензија на парламентарната демократија се случи под исклучителни околности, фундаменталната промена на Уставот на Обединетото Кралство на 31 октомври. Парламентот и особено Долниот дом, како избрани преставници на народот, има право на глас како таа промена ќе се случи. Ефектот врз основите на нашата демократија беше исклучителен, изјави претседателот на Врховниот Суд, Лејди Бренда Хејл. “

Џонсон го суспендираше парламентот на 5 недели на почетокот на септември тврдејќи дека владата времето ќе го искористи да состави нов план за Брегзит, но критичарите тврдеа дека целта на суспензијата е да ги спречи пратениците да дебатираат за владините планови и нејзиното траење е предолго.

„По јасната пресуда дадов инструкции на парламентарните власти да се подготват не за повторно свикување, бидејќи суспензијата беше незаконска и неважечка, туку да се подготват за пшродолжување на работата на Долниот дом – подвлече спикерот на Долниот дом, Џон Беркоу.“

Опозицијата веднаш побара оставка од премиерот, кој рече дека ќе ја почитува одлуката иако не се согласува со неа, но исто така и навести можност за нова суспензија.

„Да нема сомнеж, има многу луѓе кои сакаат да го попречат Брегзит, има многу луѓе кои сакаат да ја спречат оваа држава да излезе од ЕУ. Имаме Парlламент кој не дозволува суспензија, не сака избори и мислам дека е време да се придвижиме – изјави британскиот премиер, Борис Џонсон.“

Веднаш по преземањето на должноста Џонсон отфрли ново одложување на Брегзит најавувајќи дека Британија ќе ја напушти унијата на 31 октомври, со или без договор.

Поради тоа опозициските пратеници, помогнати од 21 ториевски пратеник изгласаа закон со кој и се забранува на владата да ја напушти унијата без договор, по што владата побара суспензија на парламентот.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ