
Одложена конечната одлука за Брегзит
Британскиот премиер не успеа да добие мнозинство во паралемнтот. Пратениците го усвоија амандманот со кој се бара гласањето за новиот договор за Брегзит да се одложи. Со усвојување на амандманот на поранешниот ториевец, сер Оливер Летвин, гласањето се одлага се додека парламентарците и Домот на лордовите не усвојат закон за спроведување на догворот. Ова значи дека сега Џонсон треба да побара одложување на датумот за излез на земјата од ЕУ. Но, тој порача дека не очајува и нема да го моли Брисел за ново одложување.
- Продолжувам со силно убедување дека најдобро за В.Британија и за цела Европа е ние да си заминеме со овој договор на 31-ви октомври. И да се надоврзам на прашањата кои доаѓаат од опозициските клупи. Нема да преговарам за одложување со ЕУ и ниту законот ме обврзува на тоа, рече Џонсон.
Џонсон смета дека е над законот, реагираа од опозицијата
- Веруваме дека на крајот народот мора да го има последниот збор за Брегзит, нешто што само Лабуристичката партија го нуди. Денеска е историски ден за Парламентот бидејќи кажа дека нема да биде уценуван од премиер кој очигледно уште еднаш е подготвен да му пркоси на законот од овој парламент, истакна Џереми Корбин, лидерот на опозициските лабуристи.
- Каков било неуспех на премиерот кој смета дека е над законот..Па, премиере, ќе се најдете пред суд, му порака лидеро на Шкотската национална партија, Иан Блекфорд.
Се очекува парламентот во вторник официјално да гласа за договорот на Џонсон. Од ЕУ побараа Лондон да ги информира што се случува и за следните чекори.
Во меѓувреме, битката против договорот се прелеа и на улиците. Десетици илјади анти-брегзит демонстранти се собраа во центарот на Лондон и се радуваа што амандманот на сер Летвин е изгласан. Беа придружувани од познати личности, политичари..многумина носеа сини баретки со жолти ѕвезди, симболот на знамето на ЕУ… Бараат нов референдум, велат дека се чувствуваат безгласно. А голем дел од британците, ситуацијата ја споредуваат со национална катастрофа која ќе ја уништи економјата.
Алиса Шутиноска