Одбележано укинувањето на ропството во САД – урнати повеќе статуи на лидерите на конфедерацијата

После повеќе-неделни протести против полициската бруталност и расизмот, илјадници активисти демонстрираа низ САД, но во карневалска атмосфера по повод Денот на еманципација. Овој празник го слави укинувањето на ропството во САД за време на владеењето на 16-от американски претседател Абрахам Линколн, кој во јануари 1863-та ја издава Прокламацијата за еманципација. Таа следува по четиригодишната граѓанска војна меѓу конфедерацијата на јужните робовладетелски држави и победничкиот американски север.

Во повеќе држави на југот од САД, од Северна Каролина до Алабама, активистите на движењето “Црните животи се важни” урнаа и уништија и повеќе статуи на лидери на конфедерацијата, кои ги сметаат за симболи на злото.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ