
Од ударот на ураганот Флоренс 17 мртви, Вилмингтон отсечен
Ураганот Флоренс продолжува да пустоши низ американските држави Северна и Јужна Каролина и Вирџинија, досега однесе 17 животи.
Повеќе од 640 илјади жители се без струја. Градот Вилмингтон во Северна Каролина целосно е отсечен од светот поради поплавите, а побарана е помош од полицијата и од националната гарда. Патиштата до градот се непроодни.
Ураганот ослабна до ниво на тропска бура, но останува опасноста од поплави поради зголемено ниво на водостојот на реките. Во следните денови се можни најголеми поплави во историјата на Северна Каролина. Во градовите Њу Берн и Џексонвил од поплави се спасени повеќе од 900 луѓе. Потенцијалната економска штета е во распон од десет до 60 милијарди долари.