Објавен видео запис на кој Трамп наредува смена на американската амбасадорка во Украина
Претседателот Доналд Трамп во 2018 годин наредил смена на американската амбасадорка во Украина Мари Јованович, се слуша во водео записот објавен вчера, пренесува BBC.
На видеото може да се слушне претседателот Трамп кој вели: „Ослободете се од неа“ за време на вечера со донатори од Вашингтон.
Јованович, која беше повлечена од нејзината функција во мај 2019 година, сведочеше во истрагата за отповикување на Трамп.
Снимките од април 2018 година ги обезбеди адвокатот на Лев Парнас, американски бизнисмен кој бил на вечерата.
Трамп тврди дека не го познава Парнас, кој работел за личниот адвокат на претседателот Рудолф Џулијани.