
Обилните дождови урнаа мост во северна Италија
Обилните дождови и лизгање на земјиштето предизвикаа уривање на мост во италијанскиот северозападен регион Лигурија, во близина на Савона.
Се урна само еден од двата одвоени коловози на мостот, но сообраќајот е запрен на автопатот во двете насоки.
За среќа нема жртви затоа што сообраќајот на овој автопат претходно бил запрен.
Во Лигурија во близина на Џенова минатата година се урна мост, при што загинаа 43 луѓе.