„Њујорк тајмс“ објави  видео-снимка од соборувањето на украинскиот авион во Иран (Видео)

Њујорк тајмс“ објави видео-снимка на која наводно се гледа како иранска ракета го соборува украинскиот авион во близина на аеродромот во Техеран, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот

Американскиот весник тврди дека видео-снимката е автентична.

На снимката се гледа како авионот е погоден ракета над Паранда, град во близина на аеродромот, но леталото не експлодира веднаш. Авионот по неколку минути го смени правецот и се упати кон аеродромот, кога и експлодира.

Визуелните и звучните траги на снимката се идентични со информациите за летот и сателитските снимки од подрачјето каде се урна авионот

Премиерот на Канада, Џастин Трудо повикувајќи се на разузнавачки информации вчера изјави дека украинскиот авион бил соборен од иранска ракета.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ