
Новогодишни прослави во светот
Светот ја дочека новата година со спектакуларни огномети. Традиционално огномет и конфети го преплавија Тајмс Сквер во Њу Јорк.
Околу илјада и триста килограми конфети ги засипаа присутните луѓето ги одбројуваа последните секунди од старата година додека кристалната топка се спушташе надолу.
Во Москва, илјадници луѓе се собраа во центарот на градот да го гледаат новогодишниот огномет.
На познатата плажа Копакабана, во Рио де Жанеиро илјадници бразилци и туристи се собраа да го гледаат огнометот кој траеше 14 минути. Многумина ја испочитувааа традицијата облекувајќи се во бело за да привлечат мир во новата година, и да прослават покрај вода, фрлајќи цвеќе во морето. Бразилските власти очекуваат три милиони луѓе да го посетат градот на почетокот од 2020-та година.
Во Мексико Сити, немаше огномет, туку музички спектакл за дочек на новата година.