
Ново одложување на Брегзит
Челниците на земјите членки на Европската унија на денешниот вонреден самит, на кој ќе присуствува и британската премиерка Тереза Меј, одлучуваат дали да одобрат ново одложување на Брегзит.
Британските пратеници вчера го одобрија планот на Меј за одложување на Брегзит до 30 јуни, но се очекува рокот кој ќе биде даден од Брисел да биде значително подолг.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск вчера предложи одложување на Брегзит на период до една година за да и се даде на Велика Британија повеќе време да го организира излезот од Унијата. Толку големо одложување ќе значи учество на изборите за Европскиот парламент, додека унијата се обидува да го ограничи влијанието на Британија врз донесувањето поважни одлуки.
Извори од Брисел посочуваат дека најверојатна опција е продолжување на Брегзит на девет месеци, односно до крајот на годинава.