Нова рунда преговори за Брегзит за излез од ќорсокакот

Двата главни преговарачи за Брегзит, Доминик Раб и Мишел Барние, се сретнуваат денеска и утре во Брисел во обид да ги надминат длабоките разлики во процесот.

Раб и Барние ќе разговараат за иднината на односите помеѓу ЕУ и Велика Британија како и за темите кои остануваат да се решат во рамките на Спогодбата за повлекување на Велика Британија, соопштија прес службите, но не се откриваат повеќе детали засега.

Двете страни се заглавени во преговорите околу повеќе точки: границата помеѓу Република Ирска и Северна Ирска, внатрешниот пазар и трговските односи помеѓу Брисел и Лондон по напуштањето на Велика Британија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ