Нова фаза на коронавирусот- во Италија двјаца мртви, во Јужна Кореа бројот на заболен двојно зголемен

Во Јужна Кореа бројот на нови случаи заболен од коронавирусот двојно се зголеми, од 229 потврдени случаи во петокот денеска бројот на заболени порасна на 433. Здравствените власти го вклучија алармот дека епидемијата влезе во „сериозна нова фаза“. Најголем број од новите случаи се поврзани со болниците и со верската група близу градот Даегу. До сега починаа двајца пациенти постои опасност бројот да се зголемува. Даегу и соседно Џеонгдо, каде се наоѓа болницата, прогласени се за „зона со посебен медицински третман“.

-Владата ги прогласи области во Даегу и Џеонгдо во провинцијата Северен Гиенгсанг, каде е забележан пораст на бројот на заболени од коронавирусот и кои предизвикуваат потешкотии, како „зона со посебен медицински третман“. Ќе преземеме посебни мерки за тоа подрачје. Итно треба да ги најдеме луѓето кои контактирале со заболените од тие области и да се започен со лекување на пациентите. Ќе помогнеме со болнички кревети, работна сила и опрема, рече Џунг Сие-киун, јужнокорејски премиер.

Во Италија починаа двајца луѓе заразени од коронавирусот. Еден маж на 78 години, кој бил заразен од коронавирусот во италијанскиот град Падова, почина, а втората жртва е жителка на регионот Ломбардија. Италија досега има регистрирано 30 заразени случаи од новиот вирус. Во истовреме деветнаесет италијански државјани кои беа евакуирани на крузерот Дајмонд принцез се вратија во Италија. И Британија денеска ги пречека десетината свои државјани кои долетаа од Јапонија. Тие ќе бидат хоспитализирани во болницата Арове Парк каде ќе поминат две недели во карантин.

Иранските здравствени власти денеска соопштија дека се пријавени пет смртни случаи од коронавирусот, без да презицираат кога настапила смртта, а потврдени се 28 случаина заразени, од кои 10 се во главниот град Техеран.

Кинеските власти обезбедија седум крузери каде ќе ги сместат здравствените работници во градот Вухан, кој е епицентар на епидемијата на коронавирусот. Цел да се помогне во спречување на вирусот и лекување на заразените. Здравствените власти на Кина веќе ги бројат илјадниците излечени случаи и се помалиот број на смртни случаи.

-Во моментов има 53.284 потврдени случаи, меѓу кои 11.477 се со тешка клиничка слика. Вкушно 20.659 се излечени случаи и 2.345 смртни случаи. Вкупно 76.288 потврдени случаи, а во моментов сомнителни се 5.365 случаи, објави Ми Фенг, портпарол на кинеската здравствена комисија.

Загрижувачки е негативниот ефект од епидемијата на Ковид 19 врз целокупната економија на Кина, министерот за економија Гуио денеска призна дека одредени индустриски гранки се соочуваат големи потешкотии.

-После појавата на вирусот, надворешната трговија, странските инвестиции и потрошувачката во земјата претрпеа краткорочен удар. Некои претпријатија се соочени со потешкотии во производството и транспортот. Постои се поголем ризок некои проекти да пропадат. Претпријатијата се соочени со се поголеми тешкотии во ширењето на пазарот во земјата и во странство. Тоа посебно се однесува на одредени гранки во индустријата, рече Ксиан Гуои, министер за економија на Кина.

Турскиот фудбалски клуб Бешикташ јавно ги демантираше шпекулациите на социјалните мрежи дека нивниот фудбалер Адем Љајиќ, кој е поранешен српски репрезентативец е болен од коронавирус. Тој имал покачена температура но сега состојбата му е подобра, соопштуваат од клубот од Истанбул.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ