Нотр Дам не смее да се гаси со хеликоптери за да не се урне- за локализирање на пожарот клучен следниот час

Француското обвинителство отвори истрага за причините за пожарот во Нотр Дам во Париз.

Од противпожарната служба информираат дека се клучни следните 90 минути за да се локалозира пожарот за да се спаси тоа што останало.

Во гасненењето на пожарот на катедралата Нотр Дам во Париз се вклучени повеќе од 400 пожарникари и возила.

“Од безбедносни причини не може да се користат авионите за гасење пожари „канадер“ оти еден авион исфрла 6 тони вода при голема брзина, што може да повреди луѓе и да ја оштети структурата на катедралата и таа моше да се урне” информираат од противпожарната служба во Париз.

Пожарот избувна во 18.30 часот и по кратко време целосно ја проголта високата купола.

Нотр Дам во Параз е споменик на културата кој датира од 12 век. Го посетуваат од 30 до 50.000 луѓе на ден. Светските лидери Меркел, Трамп и меѓународната заедница искажаа загриженост и сочувство за големата загуба.

Атмосферата е траорна меѓу верниците бидејќи пожарот се случува во деновите на пост пред најголемиот христијанскиот празник Велигден.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ