Норвешка најави тестирање по случаен избор на коронавирус

Властите во Норвешка најавија спроведување тестирање по случаен избор за коронавирус, по примерот на Исланд. Официјални лица од Норвешкиот институт за јавно здравје велат дека ваквото тестирање може да обезбеди одговори на две прашања: колку луѓе кои покажуваат симптоми на болеста се навистина заразени со вирусот и зачестеноста на вирусот кај општата популација.

Тестирањето ќе се врши како во Исланд, земја со најголем број тестирани лица на коронавирус во светот. Од 340.000 лица кои живеат на Исланд, 12.000 се тестирани на Ковид-19.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ