Нетанјаху: Ова е голема победа за Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прогласи победа над својот политички ривал Бени Ганц, по вчерашните парламентарни избори во земјата, трети за помалку од една година.

Овие избори беа организирани во екот на најголемата политичка криза во Израел во историјата на еврејската држава.

„Ова е голема победа  за Израел“, напиша на Твитер старо-новиот премиер, крај својата фотографија на која се гледа како слави по објавувањето на резултатите на излезните анкети.

Според првичните резултати, неговата партија Ликуд има значитечна предност пред сојузот од партии на центарот „Сино и бело“ на поранешниот началник на израелскиот Генералштаб, Бени Ганц.

Израелските медиуми објавија дека тој веќе разговарал со сите десничарски партии и се договорил за формирање силна национална влада што е можно поскоро.

Излезните анкети синоќа покажуваа дека Ликуд освоил 36 до 37 од 120-те мандати во Кнесетот (парламентот), а сојузот на Ганц 32 до 33 места.

Анкетите покажуваат дека на десничарскиот блок на Нетанјаху му фали еден мандат за да има мнозинство од 61 пратеник потребни за самостојно водење на владеачкото мнозинство.

Левиот центар, како што покажуваат првичните резултати, ќе има од 52 до 54 пратенички мандати во Кнесетот.

Близок помошник на палестинскиот претседател Махмуд Абас во вторникот го критикуваше исходот од парламентарните избори во Израел каде според првичните резултати победи партијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но не освои мнозинство.

Според генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) Саеб Ерекат, победила „анексијата на делови од окупираниот Западен Брег“.

– Населувањето, анексијата и апартхејдот победија, изјави Ерекат.

– Нетанјаху одлучи дека продолжувањето на окупацијата и конфликтот е она што му носи напредок и просперитет на Израел, па затоа тој избра да ги постави темелите и столбовите на конфликтот и кругот на насилство, екстремизам, хаос и крвопролевање, напиша тој на Твитер.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ