Нетањаху обвинет за примање мито- не поднесува оставка

Израелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху е обвинет за мито, измама и изневерување на довербата во врска со три одделни случаи.

Според израелскиот јавен обвинител тој примал подароци од богати бизнисмени и вршел услуги во обид медиумите попозитивно да известуваат за него.

Тој негира дека нешто згрешил и рече дека е жртва на „лов на вештерки“ од страна на неговите левоориентирани противници и на медиумите. Нетањаху инсистираше дека нема да поднесе оставка и дека не е законски должен да го стори тоа.

Доколку биде осуден за примање мито му се заканува десетгодишна казна затвор и максимум три години затвор за измама и кршење на довербата.

Обвинетието се случува во време на политичка криза во Израел, по двата неуспешни избори во април и септември.

Израел е се поблиску до третите избори во период од една година, откако главниот ривал на Нетанјаху потврди дека не успеал да формира ново владеачко мнозинство во Кнесетот.

Претседателот Рувен Ривлин му даде можност Бени Ганц, лидер на центристичката сино-бела партија да се обиде да формира влада откако Нетанјаху не успеа да го стори тоа.

Ривлин денеска и официјално побара од пратениците во рок од 21 ден да се договорат за кандидат за премиер и да избегнат трети избори, кои би биле без преседан.

  • Ова е првпат во историјата на државата Израел да стигнеме до ваков момент. Сакам да ве потсетам дека оваа мизерна политичка состојба доаѓа по вториот круг избори, под притисок на израелските граѓани, откако 21-ви Кнесет реши да се распушти. Ова значи, според законот, дека од денес за 21 ден, одлуката за тоа кој ќе ја формира владата е во рацете на членовите на Кнесетот, рече претседателот Ривлин.

Според израелскиот закон, државата сега влегува во 21-дневен период во кој секој пратеник може да обезбеди поддршка од 61 пратеник за да стане премиер. Доколку никој не успее тоа да го направи, што е многу веројатно, во Март ќе треба повторно да се одржат нови избори.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ