„Непријател на човештвото“ – првиот човек на СЗО за коронавирусот

„Непријател на човештвото“, вака генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус, го нарече новиот коронавирус откако починаа повеќе од 8.000 луѓе во светот.

„Коронавирусот е невидена закана. Но, тоа е исто така невидена можност за нас да се обединиме против заедничкиот непријател, непријателот на човештвото“ рече Гебрејесус  на виртуелна прес-конференција.

Шефот на СЗО повторно побара од целата меѓународна заедница да се мобилизира и предупреди дека „Африка, неговиот континент мора да се разбуди“.

СЗО ја прогласи за епидемијата на Ковид-19 за – пандемија на 11 март, поради што многу земји преземаат итни мерки.

Тедрос објасни дека СЗО секогаш препорачува откривање на сомнителни случаи и нивна изолација и истакна дека мерките за социјално дистанцирање не биле доволни.

„ Физичките отстранувања како што се откажување од спортски, културни и други големи собири можат да помогнат во забавување на преносот на вирусот, да се намали товарот на здравствениот систем и да се придонесе за управување со епидемии, но за да се контролираат и да се стави крај на нив, земјите мора да ги тестираат, изолираат и следат заразените контакти. Ако не го сторат тоа, синџирот на пренесување ќе продолжи да постои и ќе изникне кога ќе бидат укинати мерките за физичко оддалечување“, предупреди Гебрејесус

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ