
Ненси Пелоси одржа рекордно долг говор во Претставничкиот дом
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси постави рекорд за најдолг говор во домот. Таа 8 часа ги бранеше правата на недокументираните мигранти во САД, доселени во земјата како деца и кои сега се познати како „Сонувачи“.
„Дојдов тука за да се осигурам дека сите кои го следат Конгресот ги знаат приказните на овие „Сонувачи“ и колку се тие во согласност со аспирациите на нашите основачи, колку нашите основачи би биле горди на аспирациите на овие млади луѓе,“ вели Ненси Пелоси – Лидер на демократите во Претставничкиот дом.
Нивниот статус беше регулиран и нивните права загарантирани под законот познат како ДАКА, кој сега Трамп го укина во неговите фамозни мигрантски реформи. Демократите како одговор го блокираа усвојувањето на буџетот предизвикувајќи кратка владина блокада. За нивната согласност бараат гаранции од администрацијата и републиканците дека оваа категорија доселеници нема да биде депортирана од САД.
„Оваа дебата е крајно губење, секој ден храбри патриотски „сонувачи“ го губат својот статус. Секој ден американскиот сон е се подалеку од дофат. Како членови на Конгресот имаме морална одговорност да дејствуваме сега за да ги заштитиме сонувачите, кои се гордоста на нашата нација и се Американци на секој начин, освен на хартија, вели Ненси Пелоси – Лидер на демократите во Претставничкиот дом“
Претставниците во законодавниот дом имаат ограничено време за дискусија, но како лидер на групата на Демократите во домот, Пелоси има право да зборува колку што сака. Таа е жесток критичар на мигрантските политики на американскиот претседател и го обвинува републиканското лидерство за морален кукавичлук.
„Републиканскиот морален кукавичлук мора да заврши. Членовите на Конгресот се довереници на луѓето и на нација. Зошто сме тука ако не да ги заштитиме овие млади патриоти, кои се одлулни да придонесат во зајакнувањето на Америка? Така да ќе продолжам се додека моето лидерско време ми дозволува,“ рече Ненси Пелоси – Лидер на демократите во Претставничкиот дом.
Новиот предлог буџет на администрацијата и републиканското мнозинство не вклучува соодветни гаранции за заштита на овие доселеници и очекувањата се дека демократите потворно ќе се споривстават на неговото усвојување.
Игор Трајков