
Немири на протестите во Париз, има повредени
По повод денешниот Меѓународен празник на трудот низ цел свет се одржуваат протести со барање за повисоки плати, подобри услови за работа, платени породилни отсуства и други права кои би требало да ги задоволат стандардите на Меѓународните организации на трудот.
Во Париз попладнево жолтите елеци се судрија со полицијата, која со солзавец се обиде да ги смири нередите. Уапсени се најмлаку 150 учесници, а има и повредени.
Француските власти ги зголемија безбедносните мерки за денеска, поради можност 2000 радикални активисти да се придружат на анти-владиното движење и синдикалните работници. Активирани се повеќе од седум илјади полицајци, а ситуацијата се надгледува и со дронови со цел полициските сили побрзо да делуваат и да спречат евентуално насилство.