Нема преживеани во падот на „Етиопиан Ерлајнс“

Авион на компанијата „Етиопиан Ерлајнс“ се урна брзо по полетувањето од Адис Абеба. Нема никој преживеан од 149-те патници и осум члена од екипажот, соопштија од компанијата. Патниците биле од 33 различни националности. Падот се случил во 8.44 утрината, шест минути откако новиот Боинг 737 Макс-8 полетал.

Не се знае причината за падот на авионот чија крајна дестинација требало да биде Најроби во Кенија.  Сведоци велат дека кога паднал авионот имало огромна експлозија, околината е изгорена, а на терен се 4 хеликоптери.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ