Неизвесност во првиот круг претседателски избори во Хрватска

Тешка и незивесна кампања во првиот круг на претседателските избори во Хрватска. Граѓаните очекуваа некоја блага промена иако велат тоа е илузорно да се очекува од оваа екипа кандидати. Сиромаштијата и отселувањето на младите луѓе треба да бидат приоритети на новиот претседател, сметаат гласачите, кои бројат повеќе од три милиони и 800 илјади во змејата и во дијаспората.

  • Да победи некој кој ќе биде реален и способен оваа земја малку да ја извлече од таа сиромаштија, луѓето се сиромашни посебно пензионерите.
  • Очекувам луѓето да излезат на избори, тоа би било добро. Веројатно ништо нема да биде решено во првиот круг ќе се оди на втор круг и тоа е тоа.
  • Очекувам подобри времиња. Да ни биде малку полесно, на работниците да им биде полесно. Повеќе млади луѓе да останат во земјата, велат граѓаните.

Анкетите покажуваат дека најголема поддршка од гласачите имаат тројцата кандидати: актуелната претседателка од десниот центар Колинда Грабар Китаровиќ од редовите на владеачката ХДЗ и со поддршка од партијата на градоначалникот на Загреб Бандиќ, поранешниот премиер Зоран Милановиќ, кандидат на левиот центар со поддршка Социјалдемократска партија (СДП) , како и пеачот Мирослав Шкоро кој се кандидираше како независен кандидат. Китаровиќ повикува на излезност, Милановиќ со опомена- лошите претседатели ги бираат оние кои остануваат дома.

  • Ги повикувам сите грасачи во Хрватска денеска да излезат на избори и да го дадат својот глас. Секој глас е важен, секој човек е важен, бидејќи одлучуваме во кој правец Хрватска ќе оди. Денеска е празник на демократијата и како што реков излезете и дајте го својот глас за подобра Хрватска, за Хрватска да оди напред, порача Колинда Грабар Китаровиќ, претседателски кандидат.
  • Не да ги повикувам луѓето и да вршам притисок да гласаат, ако не сакаат да гласаат тоа е порака. Луѓето нека знаат дека лоши претседателки и лоши претседатели бираат оние добри луѓе кои одлучуваат да останат дома, рече Зоран Милановиќ, претседателски кандидат.
  • Не мислам дека потфрливме, секако мислам дека направивме една совршена кампања, која што како што кажав на почетокот на својата изјава ги растуривме на сите нивоа, но буквално на сите нивоа, корупција, непотизам, режија, лошо водење на играта во која се вклучија, изјави Мирослав Шкоро, претседателски кандидат.

Доколку ниту еден кандидат не освои над 50 отсто од гласовите, двајца кандидати со најмногу освоени гласови во првиот круг, ќе влезат во вториот круг од претседателските избори.

Хрватската радиотелевизија, според најновата анкета, објави дека во вториот круг ќе се натпреваруваат сегашната претседателка Грабар Китаровиќ со освоени 28,3 отсто од гласовите и поранешниот хрватски премиер, социјалдемократот Зоран Милановиќ со поддршка од 26,6 проценти.

Според анкетата, во случај хрватскиот пејач Шкоро да помине во втор круг, би ја победил актуелната шефица на државата со разлика од 3,6 отсто од гласовите.

Претпладневната излезност влева одреден оптимизам. Гласаа околу 100.000 гласачи повеќе отколку во исто време пред пет години кога се бираше шеф на државата, објави Државната изборна комисија.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ