
Не стивнува пандемијата на коронавируст, се зголемува бројот на заразени во регионот
Се зголемува бројката на заболени со коронавирус во светот. Вкупната бројка надмина 227.000. Први смртни случаи од ковид 19 регистрирани се во Хрватска, Русија, Мексико, Никарагва и Ел Салвадор.
Во Европа Италија го држи приматот со најголем број заболени со речиси 36.000, а по неа се Шпанија и Германија со 17.000 и 13.000. Во последното деноночие во Шпанија се заразиле 2.378 луѓе, а бропјот на смртни случаи се искачи на 129, додека во Германија новозаболени се 1.300, починале 5 луѓе.
Денеска потврдени се нови 22 случаи на коронавирус во Словенија, со што вкупната бројка се искачи на 275 и земја со најголем број на заболени во регионот. Во Хрватска бројката се искачи на 102, а земјата вчера го забележа и првиот смртен случај на лице кое имало коронавирус. Во Хрватска во моментов има повеќе од 12.500 лица ставени во карантин. Бугарија регистрираше 81 заразен, а само денеска 19 лица се потврдени дека се позитивни.
Во Црна Гора пак вчера се потврдени шест нови случаи на новиот коронавирус, со што бројот на заразени се искачи на осум, а во изолација се ставени повеќе од 3.500 лица. Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоќ изјави дека епидемијата почнала да се шири. Расте бројот на заразени од коронаврусот во Албанија, каде во последните 24 часа се потврдени пет нови случаи. Со тоа бројот на заразени од коронавирус таму се зголеми на 64.
Еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, денеска најави дека европските служби го активираат механизмотсо кој ќе се подобри состојбата со медицинската опрема, ќе го прилагодат механизмот за поддршка за да вклучува и медицинска опрема.
Во САД се зголеми бројот на смртните случаи од коронавирусто на 150 во 22 сојузни држави. Таму потврдени се 9.400 нови случаи со ковид-19
Во исто време бројот на жртвите од новиот коронавирус во кина во изминатото деноноќие се зголеми за осум лица, а бројот на заразени за 34, но други 819 лица успеале да се излекуваат. Ниту еден од новите случаи не е од градот Вухан, што беше епицентарот на епидемијата во земјата.
Тамара Грнчароска