Научниците предупредија на забрзаните последици од климатските промени

Знаците и последиците од глобалното затоплување се забрзуваат, покажуваат најновите научни податоци објавени денеска, ден пред климатскиот самит кој ќе се одржи во Обединетите нации.

Анализата на светската метеоролошка организација предупредува дека изминативе пет години биле најтопли во историјата на мерењето на темепратурата на воздухот. Во истиот период значително е зголемено и нивото на морињата, а рекорд достигна и испуштањето на јаглеродниот диоксид. Организацијата истакнува дека итно треба да се интензивираат напорите за намалување на овој гас во атмосферата. Најголемо загрижување за научниците е зголемувањето на нивоата на морињата. Во изминативе пет години, нивото се зголемува за пет милиметри годишно. 90 проценти од вишокот од топлината завршува во водата, а тоа би придонело за брзо топење на ледот на Антартик и на Гренланд. И ќе предизвика интензивни тропски бури со хуманитарни катастрофи.

Ова е само дел од извештајот кој утре ќе им биде претставен на учесниците на самитот во ОН. Политичките лидери ќе се соберат на еден ден, на кој не треба само да се разговара, туку и да се предложат конкретни мерки. На лидерите им порачав да не доаѓаат само со убави говори, туку со решенија, мерки и акција, рече претседателот на ОН, Антонио Гутереш во пресрет на самитот.

А.Ш.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ