Научна студија: Мерките на европските влади досега спасиле повеќе од 59 000 човечки жртви

Нова студија за епидемијата на корона вирусот во 11 Европски држави посочува дека околу 59 000 човечки животи се спасени заради мерките на нивните влади.

Научниците од Империјалниот колеџ во Лондон со компјутерска симулација ги анализирале ефектите на социјалното дистанцирање, затворањето на училиштата, карантините и забраната на јавните собири.

“Последиците од пандемијата се екстремни – но би било многу полошо без овие интервенции. Тие се клучни за контрола на вирусот” – тврди еден од авторите на научната студија, професорот Аксел Гранди.

Со оваа анализа се опфатени Австрија, Белгија, Данска, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Шпанија, Шведска, Швајцарција и Обединетото Кралство.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ