Насилни протести во Хонг Конг

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и водени топови за да ја растера толпата демонстранти кои и покрај забраната излегоа на протестен марш. Демонстрантите се обидоа да ја пробијат и полициската бариера, тие со молотови коктели и камења ја напднаа зградата на парламентот и илјадници се придружија на религиозниот марш низ центарот на Хонг Конг.

Полицијата ги затвори улиците и подземната железница во близина на Канцеларијата на кинеската Влада во Хонг Конг, која се наоѓа на пет километри од местото на одржување на религиозниот марш. За религиозни собири во Хонг Конг не е потребно одобрување од полицијата, која вчера соопшти дека е потребна дозвола за собир за повеќе од 30 луѓе.

  • Денешната ситуација во Хонг Конг е премногу загрижувачка, верувам дека владата дека намерно уапси неколку водачи на демократскиот камп за да може да им се закани на луѓето од Хонг Конг за да не протестираат против лошиот закон. Се обидуваат да не запрат во нашето слободно собирање и слободно изразување. Луѓето од Хонг Конг се толку храбри и ќе продолжиме да се бориме за своите права, за нашата слобода против злобниот закон, објаснува парламентарецот Лам Чеук-тинг.

Пеејќи религиозни песни и извикувајќи „бидете со Хонг Конг“ и „борба за слобода“ – демонстрантите маршираа се до владините канцеларии и парламентот, познат како Законодавно-правен совет.

  • Сега состојбата во Хонг Конг е се понапната, но мораме да продолжиме, мораме да продолжиме, вели бизнисменот Џими Лаи.

Полицијата на плакат упати предупредување до демонстрантите: Го кршите законот, може да бидете кривично гонети. Силите на редот вчера ги забрани демонстрациите од безбедносни причини и ги уапси предводниците на протестите, ден пред одбележувањето на 50-годишнината од пакетот изборни реформи кои ги предложи Пекинг. Во Хонг Конг, поранешна британаска провинција сега град под кинеска контрола, веќе три месеци се протестира.

Протестите започнаа против контроверзниот закон за екстрадиција – сега суспендиран – што овозможува осомничените да бидат екстрадирани во Кина за судење.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ