Насилни анти-владини протести во Тирана

Ескалираа масовните антивладини протести во Тирана. Шестмина се повредени во судирите со полицијата, која со солзавец и водени топови се обидуваше да ги смири и врати назад, откако насилно се обидоа да го пробијат кордонот пред Владата.

Им возвраќаа со молотови коктели, камења, успеаа да ја искршат влезната врата од владата, но не влегоа внатре. Го поставија и партиското знаме на опозициската Демокртаска партија чиј лидер Љуљзим Баша е предводник на овие демонстрации. Со амбулантни возила се пренесуваат повредените. Ситуацијата излезе од контрола кога меѓу толпата влезе и поранешниот претседател Сали Бериша. Луѓето почнаа да му се фрлаат ред нозете. Илјадниците демонстранти бараат оставка од премиерот Еди Рама и предвремени избори. Според Баша, албанскиот народ е веќе изморен од коруптивниот премиер, кој ја доведе земјата во економски колапс.

  • Албанија е во длабока политичка и економска криза. Сојузништвото меѓу криминалците и политичарите доведе до заробеност на државата, вели Титл Љуљзим Баша, лидер на опозициската Демократска партија.

Опозицијата, вели Баша им понудила неколку предлози да се реши кризата: како на пример легислатива преку која политичарите кои се поврзани со организиран криминал да бидат отстранети од владата и парламентот, но владејачката социјалистичка партија ги одбила сите иницијативи.

  • Парламентот не функционира, изборите се украдени, Албанците се ограбуваат секојдневно преку огромни корупциски скандали кои се објавени на меѓународно ниво, и тоа доведе до целосно парализирање на државата. Демократијата не функционира, судството не функционира, ние сме во состојба на длабока забореност, објаснува Баша.

И додека во Тирана се насобрани речиси 100 илјади луѓе, Еди Рама е во Валона на партиски состанок. Ситуацијата повремено стивнува, а од владината зграда демнат и специјалци. И Брисел и Вашингтон ги осудија денешните насилства.

И покрај навидум мирниот живот, во Албанија царуваат бандите кои шверцуваат дрога. Со јадранскаото море, Албанија за само неколку години стана европско седиште за трговија со наркотици, тука дрогата се произведува и дистрибуира низ Европа. Западните дипломати објаснуваат дека тоа е земја која не е заинтерсирана за членство во ЕУ, бидејќи така би загубила премногу пари од криумчарењето, пари на кои не можеа да им одолеат и многу политичари.

 

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ