Нарухито и официјално е новиот цар на Јапонија

Јапонскиот престолонаследник Нарухито и официјално е цар на оваа земја, откако неговиот татко Акихито вчера абдицираше. 59-годишниот Нарухито утринава беше крунисан, и во своето прво обраќање кажа дека исто како и неговиот претходник ќе биде посветен на мирот, просперитетот и благосотојбата на нацијата. На церемонијата присуствуваа само машките членови на семсјтвото.

Нарухито е првиот монарх кој студирал во странство и е прв кој е роден по поразот на Јапонија во Втората светска војна. Неговата ера на владеење ќе се вика „реива“ што значи „убава хармонија“. Јапонците ја прославија инаугурацијата на новиот цар, а многу парови за денеска ги закажаа своите венчавким за да ја започнат новата фаза од животот.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ