(видео) Наредена итна евакуација на неколку области во Австралија

Во Австралија е наредена итна евакуција на неколку области, меѓу кои и на главната туристичка дестинација Нуса, додека пожарникарите се борат со повеќе од 150 пожари што беснеат ширум континентот.

Предупредување за „итна евакуација“ од највисоко, седмо ниво, е издадено за седум подрачја, меѓу кои е крајбрежното одморалиште Нуса, 150 километри северно од главниот град на државата Квисленд, Бризбејн. Противпожарната служба на оваа држава соопшти дека условите се многу опасни  и дека пожарникарите можно е наскоро да не можат да го запрат ширењето на огнот, заради што можно е да дојде и до загрозување на животите на луѓето, пренесуваат британските меидуми.

Утринава во Квинсленд се урнал и хеликоптер кој фрла вода врз пожарите, за среќа пилотот поминал со полесни повреди

На ширењето на пожарите им помагаат екстремно сушните временски услови во Нов Јужен Велс и Квинсленд, каде во некои делови дожд не заврнал цели три години.

Сателитските снимки на НАСА го прикажуваат интензитетот на шумските пожари кои се шират со помош на жешкото, суво време, придружено со силни ветрови. Најкритично беше вчера, кога пожарот зеде и три жртви, а повеќе од 150 домови се уништени од петокот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ