Направен план за да се прескокнат санкциите од САД за нуклеарниот Договор со Иран

Пет од државите потписници на нуклеарниот договор со Техерна се договорија да формираат финансиски механизам, кој ќе им овозможи да продолжат да тргуваат со Иран,  без страв од санкции од страна на шестата потписничка – САД. Средбата на претставниците од Кина, Велика Британија, Русија, Франција и Германија со иранскиот министер за надворешни работи ја организираше шефицата на европската дипломатија Могерини на маргините од заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

  • Учесниците разгледаа начини за да обезбедат целосна и ефективна имплементација на Иранскиот нуклеарен договор во сите негови аспекти. Тие, исто така, го разгледаа процесот на пронаоѓање на практични решенија за прашања кои произлегуваат од едностраното повлекување на САД од Договорот и повторното наметнување на санкции за што длабоко жалат, изјави Могерини.

Петте земји потписнички заедно со ЕУ треба да формираат специјален механизам кој ќе ги олесни финансиските трансакции кој нема да зависи од американскиот долар. Како точно ќе функционира овој систем се уште не е познато, но според Могерини, овој легален ентитет ќе им овозможи на европските компании да продолжат да тргуваат со Иран во согласност со европското право и би можел да биде отворен за други партнери во светот. Всушност, тој би претставувал еден вид берза на размена. Аналитичарите се сомневаат дека ваков механизам е изводлив со оглед на тоа што Америка би можела да ги измени санкциите и да го опфати секој нов систем. Доланд Трамп се повлече од договорот во мај. За него тој е едностран, ужаен од кој добива само Иран. Трамп е уверен дека економскиот притисок, кој со санкции го наметна минатиот месец, ќе го принуди Иран да се согласи да потпише нов договор за денуклеаризација.

 

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ