Најпознатиот свиркач во светот Асанж соочен со барање за екстрадиција во САД

„Велика Британија мора да се спротивстави“, ова беа последните зборови на азилантот со бела брада и долга бела коса при обидите на четворицата полициски агенти присилно да го внесат во комбето.

Асанж од август 2012 година го немаше пречекорено прагот на амбасадата на Еквадор во Лондон, во ретките обраќање пред јавноста стоеше на терасата. Само така не ја прекрши забраната никако да не го напушти дипломатското тло на Евадор, бидејќи ќе беше уапсен и депортиран во САД каде ќе се соочеше со обвиненијата за шпионажа, по објавите на Викиликс – илјадници воени и дипломатски документи на кои стои ознаката „строго доверливо“ станаа јавни.

Британските безбедносни власти и покрај повикот на Асанж да се спротивстават на неговото апсење изразија задоволство од соработката со Еквадорската влада. Британската премиерка Тереза Меј побара одобрување и од пратениците и рече Асанж ги прекршил правилата за азил.

  • Јас сум сигурна дека Домот ќе ја поздрави веста од утрово дека полицијата го уапси Џулијан Асанж (овации). Уапсен е и во врска со барањето за испорака од страна на американските власти. Ова е сега правна работа на судовите, рече Меј.

Мало олеснување пристигна од шефот на дипломатијата Данкан, кој уверува дека Асанж нема да биде испорачан во САД ако се соочи во смртна казна.

  • Наша вообичаена политика цело време и во секакви околности, која ќе важи и за Џулијан Асанж е дека нема да биде испорачан ако биде соочен со смртна казна. Тоа важи и за него, рече Данкан.
САД го обвини Асанж за ковање заговор со Челси Менинг. Тој на поранешниот разузнавач во 2010 година му помагал да ја пробие лозинката во компјутерите на Пентагон.

По што Менинг беше уапсен но, откри 700.000 доверливи документи, видеа и дипломатска пошта. Проценките на американското министерство за правда е дека Асанж само за ова се соочува со максимум пет години затвор.

Викиликс во одбрана на Асанж, добитникот на новинарски награди и номиниран за Нобелова, ја критикува Еквадорската власт која го прекршила меѓународното право.

Претседателот на Еквадор Ленин Морено не крие дека азилот е повлечен, но Асанж повеќекратно ги прекршил меѓународните конвенции.

Еквадорскиот амбасадор во Лондон, по кавгата на неговото обезбедување со медиумите, ги одбегна новинарите и неколку часа по апсењето ја напушти амбасадата без збор.

Најпознатиот свирчак во светот сега е соочен со британскиот закон и барањето за негова екстрадиција во САД. Демонстрантите пред амбасадата на Еквадор со транспаренти в раце бараат слобода за него.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ