
Најмалку тројца загинати при пад на мал авион во САД
Најмалку три лица загинаа откако се урна мал авион од типот Цесна во американската сојузна држава Индијана.
Леталото се урна на околу пет километри северно од Росвил.
Истражителите соопштија дека сите кои биле во авионот загинале, додавајќи оти не е утврден точниот број на жртвите.