Најмалку пет жртви при принудно следување на товарен авион во Украина

Најмалку пет лица загинаа при принудно слетување на украински товарен авион „Ан-12“ во близина на Лавов, западна Украина.

Авионот полетал од Виго во Шпанија за Истанбул и имал планирано слетување во Лавов, но морал принудно да слета затоа што останал без гориво, објави украинското Министерство за инфраструктура.

Авионот слетал во нискостеблеста шума помеѓу стадионот и гробиштата во Лвов на само 1,5 километри од аеродромот, кој поради несреќата е затворен.

Украинската служба за вонредни ситуации наведе дека во авионот имало осум луѓе, седум членови на екипажот и едно лице кое го придружувало товарот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ