
Најмалку десет мртви и најмалку 70 повредени во терористички напад на Крим
Десет лица се убиени а речиси 70 повредени на Политехничкиот факултет во градот Керч, на истокот на црноморскиот полуостров Крим во терористички напад . Експлозијата е предизвикана од рачно изработена експлозивна направа, изјави заменикот началник на руската Национална гарда. „Се случи експлозија, сите стакла испукаа. А потоа вооружени луѓе почнаа да трчаат наоколу, да отвораат врати и да пукаат во сите“, им кажал професор на факултетот на полицајците, а пренесува Раша тудеј. Студенти од факултетот исто така за РТ кажале дека виделе вооружени мажи како излегуваат од тоалетите веднаш по експлозијата. „Ги имаше многу, не знам колку точно. Пукаа во студентите и професорите, во сѐ пред себе. Не верувам дека погодија многумина, можеби еден или двајца. Фрлаа и експлозиви“, раскажал студентот. Трагични вести доаѓаат од Керч поврзани со експлозијата. Претседателот беше информиран… Податоците за убиените и бројот на повредени постојано се зголемуваат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. “Се разгледуваат информациите за тоа дали е извршен терористички напад”, рече тој.
– Претседателот му наложи на Министерството за здравство и спасувачките служби да преземат итни мерки за да им помогнат на жртвите на оваа експлозија, доколку е потребно, за да се обезбеди итен превоз на сериозно повредените пациенти до водечките медицински установи во Русија, без разлика дали во Москва или во други градови, додаде Песков. На лице место има многу возила на Брза помош и пожарникари, а во болница до сега се пренесени 18 лица.