
Најмaлку 43 жртви во нападот на хотелот „Интерконтинентал“
Најмалку 43 лица, меѓу кои и странци, се убиени во нападот врз хотелот „Интерконтинентал“ во авганистанскиот главен град Кабул, јавија локалните медиуми.
Претходно беше јавено дека загинале шест лица, а одговорност за нападот преземаа талибанците.
Портпаролот на талибанците, Забибула Муџахид изјави дека нападот го извршиле петмина талибански борци.
Авганистанските специјални сили утрово соопштија дека е завршена операцијата за ослободување на гостите од хотелот. Спасени се 126 луѓе, а сите напаѓачи се елиминирани. Групата напаѓачи повеќе часови им се спротиставуваше на авганистанските безбедносни сили.
Нападот се случи само неколку денови откако Амбасадата на САД во Кабул предупреди на евентуални напади врз хотели во Кабул.
Хотелот „Интерконтинентал“ беше мета на напад на талибанците во 2011 година, кога загинаа 21 човек, меѓу кои деветмина напаѓачи