Најмалку 220 загинати при налет на цунами во Индонезија, бројот на изчеснати не се знае

Повеќе од 220 луѓе загинаа, а над 840 се повредени по ударот на цунами на крајбрежните области меѓу индонезиските осторви Суматра и Јава.

Цунамито со разрна моќ, кое удри во текот на минатата ноќ,  било предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау, која предизвикала лизгање на земјиштето.

Илјадниците луѓе се без покрив над главата, а бројот на изчезнати не е познат.

Најтешко е погодена провницијата Бантен, каде загинале најмалку 126 луѓе. Претседателот на Индонезија Јоко Видодо рече дека бројот на настраданите ќе расте.

Агенцијата за справување со катастрофи упати предупредување до луѓето да го одбегнуваат крајбрежјето поради стравувањата од ново цунами.

Цунамито во саботата се случи околу 21:30 по локално време и тоа за време на прослава на локален празник.

На социјалните мрежи се појави снимка кога огромен бран го сружи шаторот во кој се одржуваше концертот на групата Севентин.

Властите соопштија дека повеќе од 100 луѓе загинаа во Пандегланг – популарна туристичка област на островот Јава позната по своите плажи и преубавиот национален парк.

Спасувачите се соочуваат со непристапен терен кој е претрупан со урнатини од објектите, откорнати дрвја, уништени автомобили и смачкани моторцикли, патиштата се непроодни, електичните столбови се на земја. Болниците се преполни, а Црвениот крст бара помош од преживеаните за пријавување на жртвите.

За голем дел од жителите на овие области цунамито се случило додека спиеле. Луѓето прашуваат зошто во Индонезија не постои систем за рано предупредување. Но вулканолозите одговараат дека малку што можло да се направи – времето било прекратко, а и немало земјотрес. Смртоносниот бран бил висок само три метри.

Луѓето прашуваат зошто во Индонезија не постои систем за рано предупредување. Но вулканолозите одговараат дека малку што можло да се направи – времето било прекратко, а и немало земјотрес. Смртоносниот бран бил висок само три метри.

  • Ние знаеме дека во петокот имаше голема ерупција на вулканот, но цунамито што се случи беше еден ден подоцна. Значи, тоа веројатно било како резултат на пирокластичен проток – видови на лавински текови кои се појавуваат од вулканска ерупција – или поверојатно е од подводно лизгање на земјиштето, кое што беше предизвикано од самата ерупција. Цунамито што беше само три метри. Проблемот е тоа што се случи во време на голема плима, голема пролетна плима, што значи дека нивоата на водата беше многу високо. Имаше многу мали шанси за предупредување, објаснува д-р Симон Боксал, океанолог.

Папата Франциск во предбожиќната миса ги повика верниците на заедничка молитва за настраданите во Индонезија

  • Моите мисли во ова време се со населението на Индонезија, погодено од природни катастрофи, кои предизвикаа сериозни загуби на човечки животи, каде многу луѓе се исчезнати и без домови и каде се е уништено, рече Папата Франциск.

Вулканот Анак Кракатау, чија ерупција го предизвика цунамито, е оддалечен околу 50 километри од плажите на покраината Бантен и веќе долго време е закана за луѓето на копно.

Ерупцијата на Кракатау во 1883 година била една од најлошите во современата историја. Предизвика големо цунами во кое загинаа 36.000 луѓе, а заглушувачката бука од цунамито можеше да се слушне дури до Австралија. Се проценува дека неговата разорна моќ била колку 13.000 атомски бомби.

Индонезиската плоча и понатами се поместува за неколку сантиметри секоја година.

Во септември, најмалку 832 луѓе беа убиени од земјотрес и цунами што го погоди градот Палу на островот Сулавеси, кој се наоѓа источно од Борнео.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ