Стоматолог преправен во полицаец уби 16 луѓе во Канада
Маж преправен во полицаец уби 16 луѓе во тивкиот канадски град Портапик. Дивеењето низ Нова Шкотска траело 12 часа. Тој низ улиците лудувал со полициски автомобил уште од саботата. Полицијата соопшти дека убиствата се извршен на различни места низ провенцијата Нова Шкотска. Неколку тела се пронајдени во и надвор од куќите на размер од околу 60 километри. Во текот на ноќта полицијата ги советуваше жителите, кои веќе се затворени во домовите поради пандемијата од коронавирусот да ги заклучат вратите и да останата во подрумите. Најпрво полицијата соопшти дека дека напаѓачот е уапсен на бензинска пумпа во Енфилд, но подоцна јавија дека е починат, но не соопштуваат како. Очевидецот Глен Хајнц раскажува дека ја видел колата на убиецот паркираната на безинска пумпа каде тој отворил оган.
-Случајно возев по Ирвинг и видов како полицискиот тим влегува и се паркира покрај бензинската, а момчето излегува од страната на сувозачот, а тој беше точно пред автомобилот, со пиштол и отвори оган преку шофершајбната на возилото. Слушнав пукање и мојата жена, мислев дека ќе повика 911, бидејќи настана паника. Многу се исплаши, раскажа Глен Хајнц, очевидец.
-Ова не трогнува, знаете на што мислам. Застрашувачки е, вели Лиза Гилби, локален жител.
-Таа рече: О, Боже мој, заклучија вратата, тој е тука“, а јас ѕирнав низ прозорецот и видов возило на полицијата и имаше четворица и петмина полицајци со пушки, рече Том Нурани, возач на камион.
Меѓу жртвите е полицајката Хајди Стефансон која имаше 23-годиншен стаж во Канадската кралска полиција, зад себе остави две малолетни деца. Повредено е уште еден полициски службеник.
Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека ова е ужасна ситуација, а првиот човек на Нова Шкотска, Стефан МекНеил рече дека ова е еден од најнеразумните насилства во историјата на оваа провинција.
-Пред да започнеме, сакам да го спомнам настанот кој се случи во Портапик во Нова Шкотска. Знам дека сите го гледавме ова во вестите. Моето сочувство е со сите оние кои се погодени од оваа траотна ситуација. Сакам да и се заблагодарам на полицијата и на нивните напори и соработката со властите, рече премиерот Трудо.
Ова е најтешкиот масакр во историјата на Канада. Во 1989 година во Монтреал беа убени 14 луѓе.
Напаѓачот носел делови од полициска униформа а, користел еден автомобил кој наликува на патролно полициско возило. Но, тој не бил службеник за спроведување на законот, туку стоматолог. Вортман загинал по потера низ целата провинција. Засега не се познати мотивите за нападот.