Најмалку 15 лица ранети во тепачка со ножеви во руско училиште

Бројот на повредени во тепачката со ножеви во средното училиште се искачи на 15, од кои 12 се хоспитализирани, соопшти локалната власт на Перм.

Претходн,о руските медиуми објавија дека во училиштето упаднале две маскирани лица, кои со ножеви ги нападнале учениците и една наствничка.

Според најновите информации инцидентот се случил кога двајца ученици за време  на наставата почнале караница и употребиле ножеви, а другите ученици и наставничката се обидувале да ги разделат, па така се здобиле со повреди.

Поради инцидентот од училиштето се евакуирани 700 ученици, а двајца од повредените, еден ученик и наставничката имаат потешки повреди и се на операција.

Двајцата ученици кои ја почнале караницата  се приведени

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ