
Најмалку 11 загинати во напад врз воена академја во Кабул
Најмалку 11 авганистански војници загинаа, а 16 други се повредени денеска при напад врз воената академија во Кабул, за кој одговорност презеде групата Исламска држава (ИД), јави авганистанската телевизија „Толо њуз“.
Претходно, беше јавено дека во нападот биле убиени двајца авганистански војници, а десетина биле повредени.
Нападот го извршиле петмина припадници на ИД, од кои едниот прво активирал експлозив што го носел на себе, а потоа почнала престрелка со обезбедувањето. Според други извештаи, две лица се саморазнеле пред академијата.
Портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана Давлат Вазири информира дека покрај првиот напаѓач, кој се самоубил, во престрелките се убиени уште тројца од нив, а еден е фатен жив.
Тој прецизиза дека цел на нападот бил воениот дел кој ја обезбедува Академијата „Маршал Фахим“, а не самата Академија.
Командантот на воениот гарнизон Афал Аман, потврди дека армискиот дел од Академијата бил нападнат со рачни бомби