Најмалку 100 луѓе загинаа во песочна бура во Индија

Во песочната бура што во текот на ноќта ја погоди северна Индија загинаа најмалку 100 луѓе, а над 140 се повредени.

Од песочната бура најпогодени се сојузните држави Утар Прадеш и Раџастан.

Најголемиот број жртви загинаа при уривање на дрвја и ѕидови. Во Утар Прадеш загинаа 65, а во Раџастан 33 лица.

Брзината на ветерот достигна и до 130 километри на час.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ