Најлошото во врска со новиот коронавирус допрва претстои, предупредува СЗО

Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос, Аданом Гебрејесус, предупреди дека најлошото допрва доаѓа во врска со пандемијата на новиот коронавирус. Предупредувањето доаѓа во време кога голем број земји низ целиот свет почнаа да ги олеснуваат ограничувањата наметнати поради пандемијата.

Тој не прецизираше зошто верува дека пандемијата, од која се заразени речиси 2,5 милиони луѓе ширум светот и однесе животи на повеќе од 166.000 луѓе, би можела да се влоши. Сепак, некои веќе укажаа на идно ширење на заразата во Африка, каде здравствените системи се помалку развиени.

Шефот на СЗО потсети дека пред еден век, шпанскиот грип однел животи на 100 милиони луѓе ширум светот.

Но, сега ја имаме технологијата, можеме да избегнеме таква катастрофа, можеме да спречиме таков вид криза. Верувајте ни. Најлошото е се уште пред нас. Да ја спречиме оваа трагедија. Тоа е вирус што многу луѓе се уште не го разбираат,предупреди тој.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ