
Најбогатите луѓе на светот годинава станаа уште побогати
Најбогатите луѓе на светот годинава станаа уште побогати, според објавената листа на Булмберг 500 најбогати во 2019 заработиле 1.200 милијадри долари и засега заедно имаат вкупно 5.900 милијарди долари.
И покрај тоа што оваа година брои загуба од девет милијарди долари основачот на Амазон Џеф Безос и понатаму е прв на листата со 116 милијарди.
На второт место е осноачот на Мајкрософт, Бил Гејст, кој по растот на богатството од 23,1 милијарда долари сега поседува 113 милјарди.
Третото место му припадна на Французинот Бернар Арноу, сопственикот на најголемата компанија за луксузна стока ЛВМХ, во која се вбројуваат брендови како Луј Витон,Моет и Кристијан Диор, неговото богатство достигна 106 милијарди долари.
На четвртот место е инеститорот Ворен Бафер, кој откако го зголеми богатството за повеќе од 5 милијарди сега има 89,1 милијарда долари.
Големи пари годинава заработи и основачот на Фејсбук Марк Зукернберг, кој по заработката на 27 милијарди долари за една година сега „тежи“ 79,4 милијарди долари и се наоѓа на петтото место на Блумберговата листа најбогати луѓе на планетата.

На шетата позиција е единствената дама на листата Џулија Флешер Кох, ќерката на Дејвид Кох, која богатството го наследи после авионската несреќа во која загина нејзиниот татко и стана сопственичка на Кох Индастрија, втората најголема приватна компанија во САД, која ја основаа нејзиниот татко и чичко.