
Над 2 милион заразени од корона вирус, дури пола милион од заболените се од САД
Над два милиони луѓе се заразени со корона вирусот, здравствени системи се пред колапс, се калкулираат економски загуби . Во светот борбата со КОВИД 19 ја загубија повеќе од 120. 000 луѓе . Една четвртина од заразените пак се од САД. Само во Њујорк бројот на починати надмина 10.000. И додека смртноста на овој континент ги надмина сите светски просеци Трамп се налути на СЗО па и покрај тоа што е најголемиот донатор на реши привремено да го стопира финансирањето . Трамп ги обвини дека потфрлиле во борбата со пандемијата и дека се „прокинески“ настроена.
Одлуката на Трамп наиде на жестоки критики. Претседателката на Американското медицинско здружение, Патрис Херис, оцени дека станува збор за „опасен чекор во прогрешна насока со што нема да се олесни нанесувањето на пораз на Ковид-19“ и го повика претседателот да се преиспита. Генералниот секретар на ОН Гутереш пак изјави дека не е момент СЗО да добива помалку пари кога најмногу им се потребни.
Инаку, буџетот на СЗО најмногу се полни од донации од САД. Само лани Америка дала 400 милиони долари што е 15 процени од вкупниот годишен приход на организацијата. На второ место е Бил Гејт кој за светската здравствена организација дава пари скоро колку и САД. Надвор од Америка , организацијата најмногу помош добива од Велика Британија.
Европа пак без прецизен план кога ќе олабавуваат мерките против КОВИД 19. Очигледно е дека ограничувањата нема да траат неограничено , но, олабавувањето на мерките треба да бидат постепено велат од Европска Комисија.
Европските земји каде што има релативно либерални мерки со различни статистики на заболени од корона. Норвешка и Данска се подготвуваат за отворање на училиштата , а во Шведска Бројот на починати надмина 1.000. Но шведските власт не ги затворија училишта, баровите и ресторани.
Теодора Цветковска