На кратко деблокирана американската влада (видео)

По 35 дена, 800 илјади вработени во американската администрација повторно ќе добијат плата, откако претседател Доналд Трамп го потпиша договорот за деблокада на владата, кој ќе важи три недели. Сенатот брзо и едногласно го усвои договорот за финансирање на владата, откако Трамп под голем притисок се согласи да ја прекине блокадата, иако не е исполнет неговиот услов да се обезбедат речиси шест милијарди долари за изградба на ѕидот на границата со Мексико. Иако, аналитичарите, овој потег го сметаат за пораз на Трамп и победа за демократите, американскиот претседател не се откажува од изградбата на ѕидот со Мексико.

  • Навистина немаме избор, освен да го изградиме моќниот ѕид или железна бариера. Ако од Конгресот не добиеме чесна понуда, владата повторно ќе биде затворена на 15 февруари, или ќе ги искористам овластувањата кои ми се доделени според Законот и Уставот на САД да се насочиме кон овој итен случај. Ќе ја осигураме безбедноста на земјата.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ