
На Косово уапсен полицаец кој се поврзува со убиството на Оливер Ивановиќ
Утринава околу 5.50 се случил упад на повеќе од 25 оклопни возила и џипови на РОСУ и околу 100 припадници на оваа специјална единица на северот на Косово, јавуваат српските медиуми.
Во Косово е уапсен полицаец кој се поврзува со убиството на Оливер Ивановиќ. Косовската полиција соопшти дека полициски службеник е уапсен во акција во северно Косово во врска со пукањето на лидерот на Иницијативата СДП, Оливер Ивановиќ, како и уште еден осомничен кај кого е пронајдено оружје.
Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, беше убиен на 16 јануари 2018 година во Северна Митровица, недалеку од неговиот дом, пред седиштето на неговата партија Граѓанска иницијатива Србија, демократија, правда.