
На интервал од 5 – 10 минути помали потреси повеќе од 20 до сега
Тлото во Албанија постојано е на удар на помали потреси после најсилниот кој се случи утринава во 3 часот и 54 минути со јачина од 6,4 Рихтери. Според Европската макросеизмичка скала регистрирани се над 20 нови потреси. Нивната јачина е меѓу третиот и четвртиот степен според Рихтеровата скала.
Епицентарот е во Средоземното море, а длабочината се движи од 12 до 2 километри. Сите детали следете ги на следниот линк https://m.emsc.eu/ifeltindex.php
