На Балканот расте бројот на заболени од Ковид – 19, во Црна Гора потврдени се уште 30 случаи

Тирана – Во Албанија, во изминатото деноноќие, од тестираните 355 сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 61 лице, главно вработени во претпријатија со поголем број работници. Вкупната бројка заразени од Ковид-19 сега изнесува 2.330 лица.

Во исто време, оздравени се 48 лица или вкупно 1.346, a починале две лица, со што бројката на починати се зголеми на 53. Активни на болеста се 931, од нив болнички се лекуваат 81 пациент, 12 се на интензивна терапија, додека двајца се интубирани.

Од почетокот на пандемијата во лабораторијата за вирологија при Институтот за јавно здравје направени се 25.918 тестови.

Грција – Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека се регистрирани 23 нови случаи од Ковид-19, а според грчките медиуми осум од нив се од летови од странство и три кај бегалци кои пристигнале на Лезбос. Од почетокот на епидемијата регистрирани се 3.366 случаи на новиот коронавирус.

Кипар – На Кипар регистрирани се два нови случаи на Ковид-19, од направени 1.336 тестови во изминатите 24 часа. Бројот на заразени се зголеми на 994 лица.

Црна Гора – Во Црна Гора, потврдени се уште 30 случаи на коронавирус од 407 тестирани лица. Ова се случаи од Рожаје (13), Подгорица (7), Беране (4), Бјело Поjље (3), Цетиње (1), Улцињ (1) и Никшиќ (1). Во Црна Гора во моментов има 145 активни случаи на Ковид-19.

Богота – Во Колумбија досега има најголем дневен пораст на бројот на новозаразени со коронавирусот, со потврдени уште 3.843 случаи. Со тоа, вкупниот број заразени во земјата изнесува 80.811, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Според Си-Ен-ЕН, починале уште 157 луѓе, со што вкупниот број починати е 2.786. Колумбија е петта земја во светот според број на заразени во Латинска Америка, по Бразил, Перу, Чиле и Мексико.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ