Мост се урна во Тајван, десет повредени – спасувачите ги проверуваат чамците уништени во несреќата

Несекојдневен несреќен случај ги вознемири денеска жителите на Тајван, кога  долг мост се урна во источниот дел од државата. Еден нафтен танкер кој бил на мостот во моментот кога се урнал, паднал врз чамците во водата а хеликоптер на тајванската армија, рибарски чамци и повеќе од 60 војници, меѓу нив и нуркачи трагаат по можни човечки жртви.

Според медиумите во Тајван, 6 луѓе најверојатно се заробени во еден од рибарските чамци кои биле под мостот.

Властите соопштија дека стравуваат дека 5 лица се  наоѓале на мостот во моментот кога се урнал. Досега вкупно 10 луѓе биле хоспитализирани со повреди од несреќниот случај а 6 од нив се со посериозни повреди.

Мостот долг 140 метри се урнал околу 9 часот и 30 минути по локално време, во малото рибарското село Нанфангао.

Мостот се урнал неколку часа откако Тајван беше зафатен од тајфунот Митаг.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ