„Море во пустина“ однесе 30 животи

Незапаметени врнежи од дожд ја погодија Саудиска Арабија. Неверемето досега однесе 30 животи, а причинета е голема материјална штета. Корисниците на социјалните мрежи снимките од поплавите кои делуваат апокалиптично ги коментираат како море во пустина, поради водата која буквално ја прекри пустинбата.

Евакуирани се 4.000 луѓе од подрачјата зафатени со неверемето, а возилата едвај се движат. Многу куќи и други објекти се оштетени, а Саудијците велат дека ваква непогода никогаш не доживеале.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ