
Мистериозна болест ги напаѓа децата меѓу 5 и 15 години во Европа и САД
Расте загриженоста кај СЗО за зголемениот број на заболени деца од засега неидетификувана болест која има карактериските слични на Кавасаки синдромот и на токсичен шок-синдром, а постојат сомнежи за поврзаност со Ковид – 19. Во Европа досега се заразени 230 деца, а две починале, едното од Франција, а другото од Велика Британија.
Од пресудно значење е итно и внимателно да се окарактеризира клинчкиот синдром кој предизвикува ретко запаление кај повеќе деца од Северна Америка и Европа, порача првиот човек на Светската здтавствена организација Тедрос Адханом. Тој ги повика лекарите ширум светот на соработка со националните власти и со СЗО во откривањето на причинско – последичните врски од заболувањето и на голема претпазливост за подобро откривање на овој синдром кај децата. Лекарите во Британија, Италија и Шпанија се предпредени да внимаат на ова ретко запаление од кое страдаат се поголем број на деца.
-СЗО ќе објави кратка научна статија за мулти-системското запалени кај децата. Изминатите недели, извештаите од Европа и Северна Америка пишуваат за мал број на деца кои се примени на одделенијата за интензивна нега со мулти-системско запалени со некои карактеристики слични на Кавасаки синдромот и токсичен шок-синдром. Во првичните извештаи се претпоставува дека овој синдром може да биде поврзан со Ковид – 19. Важно е итно и внимателно да се окарактеризира овој синдром, да се открие причината и да се предложи начин на лечење, вели претседател на СЗО Тедрос Адханом.
Што содржат извештаите на француските лекари- деветгодишно дете кое починало минатата недела било позитивно и на корона вирусот но, без симптоми. Според докторот Фабриз Мишел, детето починало како последица на невролошки повреди поврзани со срцев удар.
-Детето покажуваше симптоми кои потсетуваат на Кавасаки болеста. Серолошкиот тест кој е направен во педијатриската единица покажува дека бил во контакт со коронавирусот, но не развил симптоми предходната недела, вели д-р Фабрис Мишел, шеф на одделението за интензивна нега во болницата во Ла Тимон.
125 деца во Франција развиле симптоми на Кавасаки заболувањето, кое се манифестира со воспалени, отоци на екстремитетите, осип на кожата и срцев удар. Но, за разлика од вообичаеното наместо деца под пет години, сега заболуваат деца на возраст меѓу 5 и 15 години. Во здравствениот извештај од американската држава Њујорк стои деца 100 деца се сомнителни носители на оваа нова мистериозна болест. Меѓу починатите се едно петгодишно дете од Њујорк, седумгодишник од Весчестер и 18 годишник од њујоршкиот кварт Лонг Ајленд. Детската болест се појави изминатите неколку недели, а лекарите и научниците се обидуваат да одгатнат како и зошто ги напаѓа само децата.
Европската служба за пренеција од болести новата болест ја смести во графата можна компликација од Ковид – 19, но директната поврзаност уште не е докажана.
Билјана Ставрова