
Миранда од „Сексот и градот“, нема да биде гувернер на Њујорк
Не, Миранда Хобс нема да биде новата гувернерка на Њујорк.
Синтија Никсон, 53 години, популарната протагонистка од Сексот и градот, но и геј активистка која се стремеше да стане првиот американски квир гувернер, ја изгуби трката во предизборите на Демократската партија.
Во трката за претставник на „магарето“ победи Ендрју Куомо, 60 години, син на почитуваниот покоен гувернер Марио, и кој исто како и таткото, е искусен политичар кој совршено ја познава изборната машина во Њујорк, и е на пат кон својот трет мандат.
Не успеа да го убеди демократскиот електорат поранешната актерка, во надеж дека ќе го повтори успехот на сојузничката и поддржувачка Александриа Окасио Кортез, поранешната собарка, деклариран социјалист, која ги освои внатрешните демократски избори во Бронкс и Квинс.
Синтија освои само 35 проценти од демократите, кои не дозволија да се убедат од нејзината антиестаблишмент позиција и сеопфатна програма: од школство за сите, подобрување на подземната железница, правото на абортус, до легализирање на марихуаната, и секако, острите замерки до актуелниот гувернер и неговите сомнителни донатори.
„Во нашата кампања се судривме со еден од најмоќните гувернери во Америка, и не беше лесно. Требаше да се бориме само да добиеме право на гласање. Требаш да се бориме само да дојдеме до дебата. И почнавме со ништо, и го сработивме секој еден глас. Естаблишментот удри по нас со се што имаше. НАшите сојузници и поддржувачи добија закани. Моето семејство беше наклеветено. Другата страна потроши 25 милиони трудејќи се да не сруши. Но, ние не отстапивме. Одбивме да молчиме и нашиот глас се слушна. И додека резултат вечерва не е каков што се надевавме, јас не сум обесхрабрена. Инспирирана сум, и се надевам и вие сте“.
65 проценти од гласачите на неискуството на Никсон го преферираа Куомо, кој сега треба да се судри со републиканецот Маркус Молинаро и независната Стефани Мајнер. Централната позиција во изборната кампања на Куомо беше токму емулацијата на актуелниот претседател Доналд Трамп. Парафразирајќи го слоганот на Трамп – Да ја направиме Америка повторно моќна, и трансформирајќи го – во Америка никогаш не била помоќна, Куомо јава на популистичкот бран, собирајќи ги трошките зад Трамп.
Неговата евентуална победа, благодарение на поддршката на демократскиот естаблишмент и богатите донатори, ги отвара вратите за негова претседателска кандидатура за Белата куќа во 2020 година. Каде би можел да се судри со поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, доколку се потврдат гласините дека милијардерот планира да истрча на терен против Доналд Трамп.
Ивор Мицковски