
Милијардерот Епстajн обвинет за сексуално злоставување се самоуби во притвор
Џефри Епстајн, милијардер и сопственик на инвестициски фонд, обвинет за педофилија и злоставување малолетни лица, изврши самоубиство во Казнено-поправниот центар Метрополитен во Менхетн. Неговото тело било најдено во безживотна состојба утрово во 7:30 часот по локално време.
Епстај се самоуби само еден ден откако на јавноста и станаа достапни новите документи од истрагата против него во кои има дополнителни обвинувања против него.
Епстајн претходно беше ставен под засилен надзор поради самоубиствени тенденции откако на 23 јули, ден откако му беше одреден притвор без кауција, беше најден онесвестен на подот од неговата ќелија со повреди на вратот.
Инаку, Епстајн беше уапсен од полицијата во Њујорк на почетокот на јули. Обвиненијата за злоставување и продажба на малолетни лица за сексуални услуги ја разбрануваа јавноста во САД, пред се поради врските на милијардерот со високопоставени лица како американските претседатели, поранешниот Бил Клинтон и актуелниот Доналд Трамп, или принцот Ендрју од Британија, син на кралицата Елизабет.
Како принцот, така и Клинтон и Трамп, сите демантираат дека имале блиски познанства со Епстајн и се дружеле со него, иако архивите откриваат фотографии и видео снимки што го потврдуваат спротивното.
Тој се товареше за организација на простититуција кои датираат и 19 години наназад. Од 2000 година наваму милијардерот наводно организирал сеанси со масажи во своите раскошни домови на Менхетн и во Палм Бич, Флорида и наводно имал полови односи со девојчиња на возраст и до 13 години.
Извесно беше дека милијардерот во 2008 година се изјаснил за виновен по обвиненија подведување малолетни лица и организирање проституција. Иако за тежината на делото обвинетиот тогаш требало да биде осуден и на доживотна казна затвор, Епстајн, со помош на високо платени адвокати и тогашниот обвинител а сегашен државен секретар за труд во администрацијата на Трамп Александар Акоста издејствувал договор и бил осуден на само 13 месеци затвор.
Дополнетото обвинение укажа дека таа одлука била незаконска а Акоста поради скандалот и реакции од демократите, во јули си поднесе оставка.